Двоен силен потрес крај Крит

Два земјотреса, од кои помоќниот со магнитуда од 5,4 според Рихтер, регистрирани се во неделата вечерта во 20 часот по средноевропско време во водите крај островот Крит, соопшти опсерваторијата во Атина.

Епицентарот на посилниот потрес бил во морето на длабочина од 20 килоемтри и 45 километри јужно од островот Касос. Во истото подрачје претходно е регистриран земјотрес со магнитуда од 5,2 а бил на длабочина од 9 километри. Потресите не предизвикале никакви штети.

Крит на 27-ми септември го погоди земјотрес со магнитуда од 5,8 според Рихтер кој усмрти едно лице а повеќе десетици беа поврдии. Тогаш беа оштетени неколку стотици куќи и други објекти.

Грција е сместена на неколку сеизмички раседи и потресите се честа појава. Во октомври во Егејското Море, меѓу грчкиот остров Самос и турскиот град Измир беше регистиран многу силен земјотрес со магнитуда 7,0. Повеќе штети претрпеа во Турција, каде смртно настрадаа 114 лица а околку илјада од Измир и околината беа повредени. На Самос загинаа двајца средношколци врз кои се урнал ѕид од куќа кога минувале крај неа.