ФОТО: Двојно убиство во Охрид

Охриѓанецот Васил Ристески, сопственик на ресторанот „Император“ во Охрид, синоќа бил убиен. Покрај него во инцидентот убиено e и уште едно лице, Р.Г. (38).

Инцидентот се случил синоќа околу 30 минути пред полноќ во угостителскиот објект „Империјал“.

Според првичните полициски информации, засега непознат напаѓач влегол во објектот и со истрели од пиштол ги убил двете лица.

Напаѓачот е во бегство и по него се трага. Не се познати мотивите за инцидентот, но се претпоставува дека се работи за нерасчистени меѓусебни сметки.

Полицијата повеќе детали за  убиството најавува за денеска.
oh2
oh3
ФОТО: ohridtimes.mk