Двојно убиство во Скопје – ја земаат ли граѓаните правдата во свои раце? (ФОТО)

(Фото; НетПрес)

Две лица се убиени во менувачница во скопската населба Кисела Вода, попладнево, дознава НетПрес.

Нашите информации велат дека двете лица најверојатно се обиделе да ја ограбат менувачницата, лоцирана на булеварот Борис Трајковски, во близина на споменикот на Тодор Александров.

Неофцијално, се претпоставува дека сопственикот на менувачницата пукал во разбојниците, додека тие се обидувале да го ограбат среде бел ден.

Ниту МВР, ниту скопската полиција засега не се достапни за повеќе информации околу овој тежок инцидент.

Безбедноста во главниот град, во изминативе неколку месеци, е драматично нарушена и скоро секојдневно се бројат жртви по улиците.