На наркобосот Дарко Шариќ, кој утрово беше уапсен во заедничка акција на српското и црногорското министерство за правда, му е одреден 60-дневен притвор.
Шариќ нешто по 10 часот утрово пристигнал во Специјалниот суд, каде што бил сослушуван од 11 до 12 часот, а потоа Кривичниот вонрасправен совет му одреди притвор од 60 дена.
Тој се криел во земјите од латинска Америка, преминувајќи од една во друга земја. Откако бил фатен, тој беше префрлен во Црна Гора, каде што и официјално беше уапсен.
Како што дознава српската телевизија „Б92“, најважна улога во неговото апсење имала српска БИА и нејзиниот шеф.
Шариќ безусловно се предал на српските органи откако сфатил дека бил лоциран, а преговорите со него започнале пред повеќе од еден месец.
Поради интерес на истрагата не се изнесуваат прецизни информации околу тоа каде и како е уапсен Дарко Шариќ, бидејќи во бегство се уште 18 негови соработници.