
Легендарниот Карим Абдул Џабар смета дека дебатата за тоа кој е најдобриот кошаркар на сите времиња е непотребна. Џабар освои шест титули во најсилната лига на светот, а исто толку пати беше изгласан за најкорисен играч (МВП).
Сепак, во дебатите за тоа кој е најдобриот на сите времиња најчесто се одлучува помеѓу Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.
Овие дискусии се чиста забава додека чекате во ресторан да ви донесат храна … Тие се како дискусии за тоа дали ако можете да имате супермоќи би сакале да бидете невидливи или да летате. Небитно е дали овие дискусии ме вклучуваат и мене. Играв најдобро што можев како би му помогнал на тимот. Тоа е најважното нешто. Не постои никој кој е најдобар на сите времиња, бидејќи секој поединец играл под различни услови, на различни позиции, со различни соиграчи, тренери… Секој се прилагодувал на свој начин, вели Џабар.