Џабе договор со Грција, во Европа не се влегува со арамилак и корупција

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владата на Зоран Заев за корупција откако медиумите повторно обелоденија уште еден скандалозен тендер на фирмата „Брако“, каде сопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев, вреден скоро 40.000 евра за набавка на заштитна мрежа на одрони покрај патот добиен од Агенцијата за патишта на Република Македонија. Тие побараа оставка од вицепремиерот , бидејќи според нив, една година не прекина да работи спротивно етичките принципи и антикорупциските правила.

Замислете, малку беа тендерите во ЕЛЕМ за струја, законите за литиумски батерии како што му одговараат, грантовите за неговите фирми од Фондот за иновации и сега му дојде до тендер вреден близу 40.000 евра. Како да нема друга фирма што изработува мрежа освен неговата, на Кочо Анѓушев.  Очигледно Анѓушев нема намера да престане со тендерите и земање пари на граѓаните, па макар тоа биле и 40.000 евра, а човекот тежи 25 милиони евра богатсво.  Да го поставиш на јавна функција Кочо Анѓушев каде што има допир со народни пари е исто како да го поставиш волкот да ги чува јагнињата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, она што ги интересира граѓаните е дали и во овој случај на тендерска постапка има скриен судир на интереси и дали Анѓушев кога стапуваше на функцијата знаеше дека треба да заборави на тендерите и дека неговата работа мора да биде во интерест на граѓаните, а не во интерест на неговите фирми.

СДСМ и картелот на власт собираат се што можат. Не дозволуваат евро да прелета покрај нив, а да не го стават во сопствениот џеб. Не дозволуваат тендер да заврши во фирма која што не е во нивна сопственост или не им е донатор на политичката партија СДСМ. Сотреа се! Ова го нема ниту во Африка! Непријатно е веќе да се гледа како Кочо вицепремиерот креира политики во кои државни претпријатија ќе му префрлаат пари на Анѓушев бизнисменот. Залудно Заев го продава името. Залудно Заев потпишува капитулантски договори и прифаќа комисии за менување на историјата. Во Европа со арамилак и корупција не се влегува!, велат од опозициската партија.