Откако се изнаслушавме за комични ситуации кои беа прикажувани како огромна неправилност на изборите, а на крајот се сведуваа на заглавени лифтови, обична прошетка на граѓани пред избирачко место и жени кои седат на клупа и читаат весници, денес ЦИВИЛ излезе со нова изјава дека наводно, заканите кон гласачите продолжуваат.
Предводник на оваа организација е Албанецот Џабир Дерала, кој под плаштот на борба за подобрување на малцинските права и стана познат на пошироката јавност. Контраверзниот Дерала ваквата оценка ја дава две ипол недели откако заврши изборниот процес и гласањето и кога се е решено на изборите.
Како во досегашните свои излагања, така и денес, без аргументи и докази, Дерала оваа изјава ја дава во време кога не постои никаква разумна причина, ниту простор за сомнеж дека било кој има намера да врши притисок врз било кого.
Изјавите на Дерала дадени во текот на изборите во Македонија, наидоа на потсмев кај јавноста. По “откритието“ дека со помош на расипани лифтови, ВМРО-ДПМНЕ направи разлика од 200.000 гласови пред СДСМ, сега со нова, овојпат поразлична „бомба“.
Дерала од заштитник на правата на Албанците и борец за правата на хомосексуалците сега е главна тупаница на најголемата опозициска партија во изборниот мониторинг. Тој не бира средства пред да обвини, а на граѓаните не им нуди факти, туку лажни „бомби“, кои досега се покажа дека само им експлодираат во лице на оние кои ги сервираат. Граѓаните го кажаа своето на избори и тие не веруваат на вакви и слични натписи и изјави кои се дадени со цел да се омаловажи интелигенцијата на народот.
Медиумите блиски до СДСМ, ја пренесоа денешната изјава на Дерала, каде се вели дека тој по изборите ги посетува поголемите градови за да го слушне мислењето на граѓаните за изборниот процес. Дерала вели дека главното сознание што го добил од неговите набљудувачи на терен се однесува на притисоци за да се вработат партиски активисти и тоа во приватните бизниси, како на пример продавници.
– Посетив неколку градови. Насекаде првиот впечаток е како да немало избори. Под таа површина на мир има страв и раздвиженост на инспекциските служби. Почнуваат барањата за партиски вработувања и тоа во приватниот сектор, вели Дерала.
Сега овој заштитник на СДСМ очекува луѓето да му веруваат дека со својот автомобил деновиве прошетал низ градовите ширум Македонија и лично се уверил дека на терен се врши некаков притисок.
Организацијата ЦИВИЛ има тесна соработка со Соросовиот Институт Отворено општество, како и со фондацијата ќерка Метаморфозис каде заедно се среќаваат како покровители на заеднички форуми на кои се говорело на теми кои се обработувани главно од најголемата опозициска партија, како што е слободата на медиумите, човековите прави и слично. Дерала застана во одбрана на правата на хомосексуалците во земјава, а истовремено важи за главна тупаница на најголемата опозициска партија во изборниот мониторинг.
По скандалозните изјави на настапи, денес ЦИВИЛ и Дерала ги поминаа сите граници на разумно и коректно делување и од петни жили се трудат да одработат на сметка на СДСМ, за да го оцрнат изборниот процес. Од друга страна, изборите во Македонија како фер и демократски беа оценети од сите релевантни фактори вклучително и ДИК, ОБСЕ, ОДИХР, САД.
Изјавите на Дерала немаат тежина, тој креира погрешна слика пред јавноста, во име на опозицијата. Колку нему тоа да не му одговара, македонскиот народ на изборите јасно кажа во кого има најголема доверба.