Џафери ги достави барањата за притвор на пратениците до ресорната Комисија

Утре на пладне ќе се решава за имунитетот на шестмината пратеници од Коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ  за кои Судот уште вчера побара парламентот да се одобри притвор за нив.

Павле Бпогоевски, по два дена незивеснот, доцна вечерва ја закажа Комсијата за мандатно-имунитетни прашања  откако во Собранието попладнево се одржа состанок помеѓу Талат Џафери со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски  се осомничени за терористичко дејствување против уставниот поредок и безбедноста за собраниските насилства од 27 април. Тие доцна синоќа беа пуштени дома.

Според Деловникот, собраниската комисија ќе треба да донесе заклучок со препорака до Собрнаието дали да им се одземе имнутетот на пратениците. На комсијата може, но и не мора да присуствуваат самите осомничени пратеници. Двајцва од нив, Муковски и Тарчуловски се и членови на ова собрнаиско тело. Но, тие задолжително треба да бидат известени за седницата.

Според Уставот и Деловникот, Собранието треба да донесе одлука за одземање на имунитетот на пратениците во рок од три дена од приемот на барањето.