Џафери ќе чека да го потврди „Службен весник“

Во вторникот утрото Талат Џафери, назначен минатиот четврток вонделовнички од страна на СДСМ и алабанските партии за собраниски спикер, ги дал потребните административни инструкции за работење на службите во парламентот и со допис побарал од генералниот секретар на Собранието да овозможи услови за функционирање на претседателскиот кабинет во кој се наоѓаат претенците од најголемата парламентарна група ВМРО-ДПМНЕ, рече претениот од ДУИ, Артан Груби.

„Канцеларијата не е институција, институција е избраниот од новото парламентарно мнозинство, господинот Талат Џафери. Добивме и одговор од генералниот секретар на Собранието, кој ми рече дека прво треба да се објави таа одлука во ‘Службен весник’ и потоа ќе пристапи кон обезбедување услови. Таканаречениот претседател Иванов ќе биде известен од претседателот на Собранието, Талат Џафери, за новото мнозинство во моментот кога за тоа ќе се создадат услови“, рече Груби.

Претодно универзитетската професорка Татјана Каракамишева за Телеграф.мк рече дека „Талат Џафери сега може да биде само координатор на пратеничката група на ДУИ, но не може да се претставува дека е претседател на Собранието на РМ. Ако сака да биде избран за официјален претседател на Собранието, тој треба да инсистира на почитување на демократските процедури, тој треба да инсистира постапката да се заврши во нормален ред како што налагаат Уставот и прописите во земјата. Тој не може да почне, ниту да преземе никакво дејство, никаква активност во својство на претседател на Собранието сè додека одлуката за неговиот избор не биде донесена во нормална процедура со почитување на правните акти, и додека таа одлука не биде објавена во „Службен весник на РМ“.

Во Собранието во вторникот се расчистува и се санираат штетите направени за време на настаните од 27 април, а седница нема да се одржи додека не се исчисти зградата. Во Собранието денеска се појавиле Талат Џафери, као и Трајко Веаноски  и повеќето од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Артан Груби за медиумите ги демантираше информациите дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со жив штит не му дозволуваат на новиот спикер Талат Џафери да влезе во својот кабинет.

Во меѓувреме, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот фејсбук профил објави фотографија од пратениците на неговата пратија седнати во кабинетот на претседателот на Собранието, кои ги изнесоа своите ставови дека новиот претседател на Собранието мора да биде избран според регуларната процедура како и дека против пртениците на СДСМ Ферид Мухиќ и Горан Мисовски ќе поденсат кривични пријави за преземање неделовнички дејствија кои довеле до политичко насилство.