На денешното продолжение на пленарната седница Талат Џафери по којзнае кој пат го крши Деловникот на Собранието недавајќи му право на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев да се обрати процедурално.
Откако Ѓорчев излезе на говорница и започна со процедуралното излагање, Талат Џафери спротивно на Деловникот за работа на Собранието, одби да го вклучи микрофонот, а по неколку мигови побара и од собраниското обезбедување да биде отстранет пратеникот Владимир Ѓорчев од говорницата ускратувајќи му го деловничкото право да говори.
На ваквата провокација и скандалозно однесување од страна на Џафери реагираа останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и застанаа пред говорницата изразувајќи незадоволство од однесувањето на Талат Џафери.
По се изгледа, новата власт на чело со СДСМ на овој начин ја практикува и разбира демократијата и свесно го ускратува правото на говор на секој пратеник во Собранието кој е гласноговорник на граѓаните кои гласале за него.