![џафери(3)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/dzaferi3.jpg?resize=650%2C365&ssl=1)
Законот за јазиците ќе стапи на сила и покрај тоа што претседателот на државата, Ѓорге Иванов одбива да го потпиша, ова во гостување на телевизија Телма вечерва го најави претседателот на Собранието, Талат Џафери.
-Законот ќе се прогласи без потпис на претседателот, бидејќи тој одбива, а Уставот има соодветни одредби со кои ги обврзува сите носители на функции да го почитуваат Уставот и да не ги попречуваат другите институции во работата, истакна Џафери.
Џафери во гостувањето на Телма кажа дека за претседателот на државата еден ден за ова ќе одговара, а законот ќе биде објавен во службен весник со образложение дека претседателот одбива да го потпише.
На прашањето кога ќе го прати законот во Службен весник, Џафери одговори дека тоа е негова одлука.