Џамија во Приштина изградена пред 640 години претворена е во дувло на наркоманија и проституција.
Вознемиреноста што овој стар верски објект станал центар за наркоманија и протитуција пред министерот за внатрешни работи,Скендер Хисени ја пренесол претставникот на имамите во Приштина, Идриз Ѓигори.
– Верниците бараат одговор зошто се дозволува да се скврнави објектот додека е во фаза на реставрација, изјави Ѓигори.
На средбата на која се разговарало за безбедносната состојба во земјата,претставникот на министерството за внатрешни работи Реџеп Сијарини,потврдил дека полицијата има информации за оваа појава.
– Сме имале и телефонски дојави на граѓани,с ме интервенирале и на местото сме сретнале вакви лица, потврди Сијарини.
На средбата со претставниците на имамите од исламската верска заедница, косовскиот прв полицаец зборувал и околу превентивните мерки и активности на полицијата за спречување евенуални терористички акции