Џеј Ло ја откри нејзината тајна за убавина

Џеј Ло се најде на насловната страница на новиот број на неделникот Ју Ес викли, а во интервјуто откри дека воопшто не и е лесно да остане во форма.

Мајката на седумгодишните близнаци Макс и Ема вели дека линијата ја одржува така што не пие алкохол и кафе, спие до 10 часа и јаде прокел.

Не пушам, не пијам алкохол, коктели, ниту било што друго што содржи кофеин, затоа што поради тоа кожата изгледа постаро. Јадам доста зеленчук, апсарагус, брокула, прокел и житарки. И моите деца го сакаат зеленчукот. Готвам често и воглавно подготвувам порториканска храна затоа што со неа израснав. Имам лични тренери во Лос Анџелес и Њујорк. Ретко кога се сончам, задолжително спијам по осум часа, а кога можам и до 10 часа, вели таа.