Џејми Оливер, објави банкрот  и затворање на сиот ланец ресторани.

Оливер откри дека досега е должен безмалку 13 милиони фунти и оти џебот му е празен.

Ова значи дека без работа ќе останат 600 лица, а катанец на вратата ќе биде ставен на 12 угостителски објекти.

Можниот банкрот на познатиот готвач беше извесен уште пред една година, кога на виделина излегоа првите поголеми загуби во неговото финансиско салдо.