Џејмс Гист заработи осум месечна суспензија

Кошаркарот на Панатинаикос, Џејмс Гист заработи суспензија во траење од осум месеци поради конзумирање марихуана.

Американецот падна на допинг тестот на 5-ти април, веднаш по финалето од купот против Аполон, а и вториот примерок деновиве бил позитивен, по што ќе мора да паузира подолг период.

Џејмс Гист нема да може да настапува цели осум месеци во грчкото првенство, па се шпекулира дека најверојатно ќе добие отказ од клубот кој веќе го донесе Рејмар Морган кој треба да биде негова замена.

Ова не му е прво вакво искуство на Гист, откако во сезоната 2010/2011 кога го носеше дресот на Партизан, исто така падна на допинг тест поради конзумирање на марихуана. Тогаш ФИБА му изрече три месечна суспензија.