Ретко се случува, но ноќеска се одиграа дури четири натпревари од доигрувањето во НБА лигата, во кои само кошаркарите на „Хјустон“, најдобриот тим во регулрниот дел од сезоната, обезбедија пласман во наредниот круг.
„Ракетите“ до 4:1 во серијата против „Минесота“ дојдоа со победа од 122:104, иако гостите добро го почна натпреварот, ги доби првите две четвртини и на полувремето имаше водство од 59:55. Сепак, повторно решавачка беше третата четвртина која „Хјустон“ ја доби со 30:15, од кои Џејмс Харден постигна кошеви колку целиот гостински тим.
И во претходниот меч „Хјустон“ постигна 50 коша во третиот период, во која „Минесот“ даде само 20, и тогаш Харден одигра фантастично. Најефикасен во победата беше Клинт Капела со 26 поени и 15 скокови, а Харден имаше 24 коша и 12 асистенции. Кај гостите најдобар беше Карл Ентони Таунс со 23 коша и 14 скока и Џамал Крафорд со 22 коша.
Во втората рунда „Хјустон“ го чека победникот од дуелот меѓу „Оклахома“ и „Јута“.
Кошаркарите од Солт Лејк Сити имаа можност со брејк да се пласираат во полуфиналето од плеј офот, но „Оклахома Тандерс“ беше подобра од „Јута Џез“ со 107:99 и ја намалија предноста на гостите на 3:2. „Џезерите“ имаа 46:71 на само осум минути пред крајот на третата четвртина, но „+25“ за „Јута“ се истопија по 45 коша, 15 скока и 7 асистенции на Расел Вестбрук, како и 34 поена и осум скока на Пол Џорџ. Кај госстите најдобар беше Донован Митчел со 23 коша и 5 скока. Наредниот натпревар се игра во Солт Лејк Сити.
LeBron James knocks down the Tissot Buzzer-Beater to propel the @cavs to victory in Game 5! #ThisIsYourTime#WhateverItTakes #NBAPlayoffs pic.twitter.com/Dx7fq4Uh4K
— NBA (@NBA) April 26, 2018
Најинтересен натпревар се одигра во Кливленд каде домашните „Кавалирс“ за прв пат поведоа во серијата против „Индијана“ со 3:2, со тројка на Леброн Џејмс на три секунди пред крајот за 99:95.
Гостите беа подобри во три четвртини, но во третиот период домаќините ја анулираа негативата со 32:17. Мечот беше решен во последните секунди, откако при 95:95 Виктор Олапидо со дриблинг се ослободи од Џејмс и тргна на положување, но „Кралот“ успеа да го стигне и да го блокира шутот. Џејмс веднаш побара тајм-аут и во преостанатите три секунди успеа да погоди трокја за победа. Сепак, остана спорен кошот на Џејмс, бидејќи според снимките, топката удрила во таблата пред да ја блокира Џејмс.
Најдобар во „Кливленд“ беше Џејмс со 44 коша, десет скока и 8 асистенции, а кај „Индијана“, Домантас Сабонис со 22 коша и 5 скока.
„Торонто“ е единствениот тим во лигата кој ниту еднаш не изгубил три меча во низа, па по два порази од „Вашингтон“ успеа да слави со 108:98, за водство на „Репторс“ со 3:2. Во оваа серија домаќините ниту еднаш не загубиле натпревар. Де Мар Де Розан со 32 коша беше најдобар кај „Торонто“, а Џон Вол со 26 коша и по 9 скока и асистенции кај „Визардс“.