Џејсон Катз: Македонија ги исполнува сите услови за членство во ЕУ и НАТО

Во најновата колумна за The Hill, Џејсон Катз својот главен акцент го става на Македонија, на нејзината важна улога во безбедноста на Европа, од една страна и бегалската криза наспроти индиферентноста на американската администрација.

Конгресот, пишува тој, мора да препознае дека Македонија ги исполнува сите предуслови за членство во ЕУ и НАТО. Време е раководството на Конгресот да ја убеди ЕУ конечно да увиди дека грчката детинеста опсесија со името, треба да биде потисната поради потребата за стабилност на Југоисточна Европа. Време е, САД да ја предводи безбедноста во Балканот и да ја врати во „живот“ Македонија.

Во својата колумна тој ја обвинува американската администрација дека не може уште долго да седи инфериорно наспроти глобалните предизвици, особено оние кои произлегуваат од бегалската криза од Сирија, загорувајќи ја Европа.

-Време е Конгресот да покаже дека САД може да ја преземе лидерската улога. Во случајот на Македонија, која е поранешна република од Југославија, државата успеа од пепелта на балканските војни да процвета во независна, просперитетна, демократската држава која е аспирант за членство во ЕУ и НАТО.  Сепак, Македонија денес се “дави“ во бегалци од Блискиот Исток, што претставува голем напор за безбедноста на државата и нејзините економски ресурси, пишува Катз.

Македонија, пишува тој, стана жртва на својата географска положба, како и жртва на незадоволството на нејзиниот јужен сосед, Грција. Македонија претставува порта од Јужна кон Централна Европа. Минатата година, потсетува тој, околу 750.000 бегалци кои стапнаа на грчко копно дојдоа на границите на Македонија.

Тој потсетува и дека Македонија, за разлика од Грција која добива огромна парична поддршка од ЕУ и не превзема ништо, таа стои како штит кон Европа.

-Иако голем дел од државите на Југоисточа Европа сеуште се оправуваат од економските и безбедносните удари на балканските војни, Македонија за разлика од нив успеа да закрепне најдобро од сите и успеа да стане одговорен актер во светски рамки, пишува Катз.

Кризата со бегалците која и се заканува не само на Македонија туку и на цела Европа, а дополнително е отежната поради политичката нестабилност во државата.

-Заканите доаѓаат од лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Зоран Заев. Според пишувањата на медиумите, Заев е замешан во поткупи, како и во скандал со прислушување на лица од владата, бизнисмени, исто така поврзан е со изнуда и нечисти бизнис зделки. Се на се, тој се смета за човек кој не го почитува правото во Македонија, пишува Катз.

Катз посетува дека популарниот премиер, како што го опишува во текстот, Никола Груевски бил присилен да поднесе оставка на 100 дена пред изборите, поради политичката криза, притиснат од барањата на Заев, како услов за решавање на кризата и нови предвремени избори закажани во април. Предвидувањата се, пишува тој, дека Груевски по изборите повторно ќе биде премиер.

-За да го спречи тоа, Заев и СДСМ се обидуваат да ја негираат слободата на медиумите, барајќи да се донесе нов, многу рестриктивен закон. Делегирање на медиумскиот надзор во рацете на НВО секторот како и забрана на слободно политичко изразување, е сосема погрешен начин за водење на една млада демократија, пишува Катз.

Успехот на државата, подвлекува тој, е импресивен.

-Во последната деката, под водство на Груевски, Светска Банка ја рагнираше Македонија на 12-то место во светот и 6-то во Европа за водење на бизнис. Под лидерство на Груевски.  Невработеноста во Македонија се намали од 40 на 24%. Во овие години Македонија направи значаен напредок во воспоставување на владеењето на правото, и владеење во добра волја (bona fide), направи напредок во Евро-Атланските интеграции, пишува Катз.

Членството во НАТО и ЕУ ќе донесат стабилност во Македонија и иако Македонија го исполни секој услов за членство во овие организации, Грција става вето на процесот, поради бесмислениот проблем со името на државата.

-Конгресот во овој слушај мора да се изјасни за својата позиција. Конгресот мора да препознае дека Македонија ги исполнува сите предуслови за членство во ЕУ и НАТО. Време е раководството на Конгресот да ја убеди ЕУ конечно да увиди дека грчката детинеста опсесија со името, треба да биде потисната поради потребата за стабилност на Југоисточна Европа. Време е, САД да ја предводи безбедноста во Балканот и да ја врати во „живот“ Македонија, заклучува Катз.