Преминувањето на Един Џеко од Манчестер Сити во Рома е речиси завршена работа

Соиграчи во репрезентација, соиграчи во клуб - Џеко и Пјаниќ

Според италијанските медиуми, една од најактуелните трансфер саги ова лето, преминувањето на Един Џеко од Манчестер Сити во Рома е речиси завршена работа.

Италијанскиот тим би требало да плати обесштетување во висина од 15 милиони евра веднаш, а евентуално висината на трансферот може да порасне до 18 милиони, во зависност од играта на Босанецот и успесите на Рома со него во тимот.

Тренерот на “римската волчица”, Руди Гарсија не беше задоволен од напаѓачите минатата сезона, па уште на почетокот на овој трансфер период како примарна цел беше зацртано доведување на квалитетен голгетер.

Покрај Џеко, во тимот на Рома подготвуваат понуда и за Фабио Коентрао од Реал Мадрид, а за да се обезбедат доволно средства, најверојатно ќе биде прифатена понудата на Милан за Алесио Ромањоли, трансфер кој во клубот ќе донесе 25 милиони евра.