Познатата манекенка и годинава е дел од новогодишните видео снимки на британскиот „Лав“ магазин.
Кендал Џенер без никаков сомнеж е една од топ трите најактуелни, најангажирани, најплатени и најпожелни модели во светот.
Веќе традиционално магазинот „Лав“ во декемри одбројувањето до Нова година го обележува со едиторијали и видео спотови во кои има голем број ѕвезди, познати манекенки, актерки и ѕвезди од реални шоуа.
Годинешното видео е многу помрачно, помистично од она што Џенер го сними минатата година.
Погледнете како изгледа.