Кинеската Агенција за квалитет на производите соопшти денеска дека американскиот автомобилски концерн Џенерал моторс (ЏМ) и неговиот клучен кинески партнер повлекуваат речиси милион и половина возила во Кина, поради замена на држачите на пумпите за гориво.
Како што наведува кинеската агенција, повлекувањето ќе се однесува на 1,2 милиони возила од марката „бјуик ексел“ произведени од 2006 до 2012 година и на 250.000 возила од марката „шевролет сејлс“ произведени меѓу април 2009 и октомври 2011 година, како и некои модели направени лани, пренесува Асошиејтед прес.
На овие модели би требало да им биде заменет држачот за пумпата, бидејќи може да дојде до негово пукањ, што во екстремни услови би предизвикало истекување на гориво, се наведува во соопштението од кинеската агенција и се додава дека станува збор за второ повлекување на возила на ЏМ во Кина оваа година.