Џенифер Лопез e бремена од 18 години помладото момче

Џенифер Лопез е повторно бремена. Пејачката чека бебе со 18 години помладото момче Каспер Смарт, на кој ова му е прво дете.

29 годишниот танчар веќе со месеци копнее за принова, а оној момент кога дозна дека неговата сакана е трудна, почна да ја третира како кралица, изјавил за американските медиуми извор близок на двојката.

j-lo-naslovnaa

Џеј Ло верува дека Каспер ќе биде совршен татко, но се грижи како ќе ја изнесе бременоста со оглед на тоа дека има 47 години. Инаку Џенифер веќе има две деца, близнаци од бракот со Марк Ентони, Ема и Маркс.