Џеват Исени, функционер на СДСМ, изрази јавно задоволство за вработувањето на Џезаир Шаќири (Командант Хоџа) во Владата на РМ. Тој на својот ФБ профил, ја искоментира фотографијата на која се гледа како Шаќири излегув од владината зграда
Без предрасуди, со одлука во рака. Почитуван Командант Хоџа, денес, и секогаш ќе се гордееме со вас. Се обидоа да те уценуваат, потценуваат итн итн, но ти успеа…. Не ја изневери крвта на паднатите борци, не го изневери даденото ветување. Денес предавниците треба да се соочуваат со вас, чело со чело и очи во очи, и во владините институции. Командант Џезаир Шаќири Хоџа, се гордееме со вас.