Џихадисти повратници кружат низ Европа

Европа стравува од враќање на повеќе од 4.000 европски џихадисти од Сирија и Ирак, со што и се заканува бран на тероризам, наведуваат членките на Европската унија. Тие додаваат дека полицијата треба да преземе поостри мерки по градовите и границите за да се спречи ширењето на исламистичка пропаганда, да се апсат оние кои агитираат и оние кои ги врбуваат муслиманите да одат на џихад.

Надлежните служби сега темелно ги проучуваат информациите кои ги имаат кои се причините, размерите и заканата од исламските терористи, за кои се знае дека се вратиле во Европа, пренесува Бета.

Оттука одново се отвораат и досиејата на џихадистите кои по завршувањето на војната во Босна, каде учествувале во дивјачко насилство и според објавените сведоштва, баш како и сега во Сирија и Ирак, им отсекувале глави на заробениците и цивилите, се вратиле и започнале низа на вооружени насилства, атентати и напади на полицијата.

sss-irak-540x3201

Од Европскиот парламент е побарано и да се одобри проверка на пасошите на сите патници на „шенгенските граници“, вклучувајќи и задолжително давање на сите податоци при купување на авиобилети, што е веќе обврски на сите патници кои одат во Америка.

Оваа одлука во петокот ја усвоиа сите министри за надворешни работи на Унијата, а координаторот на Советот на ЕУ за сузбивање на тероризам, Жил де Керков, изјави дека европските државни служби „подготвено ќе ги дочекаат“ џихадистите-европски државјани, кои во Сирија и Ирак учествувале во насилство, се стекнале со искуство во воени операвии и поминале обука за терористички акции.

Големи недоумици и понатаму постојат, како што покажува анализата на норвешката армија која се темели на повеќе од илјада податоци, дека „еден од девет исламски џихадисти е подготвен по враќањето во Европа да го земе оружјето и да ја нападне сопствената земја“, пишува францускиот весник Монд.

Засега, предупредуваат многу европски аналитичари, тешко е да се утврди мрежата, соучесниците и колку повратници се исламски фанатици, истренирани за дивјачки насилства во битките за организацијата на Исламската држава во Сирија и Ирак и заслепени од идеологијата за омраза и смрт. Џихадистите веќе се вратени назад во земјите од Унијата, а посебно во Франција, Велика Британија, Белгија, Германија, каде од муслиманските жители најмногу се регрутира за екстремен ислам.

sedumnaeset-dzhihadisti-seushte-se-vo-begstvo-156013

Се смета дека од Исламската држава и Ал Каеда веќе се вратени назад во Европа повеќе од стотина џихадисти кои биле припадници на „заспани ќелии“ можат да тргнат во насилен терористички поход.

„Проблемот не е да се направат поделби и разлики меѓу националните разузнавачки служби, туку е многу попросто за што многу не знаеме“, отворено призна координаторот на ЕУ, Де Керков.

Сите нагласуваат дека никој не заборавил дека исламските терористи по војната во Авганистан, каде исто така учествуваа и повеќе од стотина џихадисти од Европа и САД, предизвикаа десетгодишна граѓанска војна во Алжир, а и дека тие има задачи во нападите во САД на 11 септември во 2001 година.

Трерор на француските исламисти

Во склоп на расветлување на „реалните опасности од џихадистите кои се постојана закана за Европа“, како што тоа го изјави европската комесарка за внатрешни работи, Сесилија Малмстрем, француската телевизија покажа документарна емисија за Францусите преобратени во ислам, кои по учествување во муџахедински единици на страна на муслиманите во БиХ, се вратени се во северна Франција и предизвикуваат насилни воодужени напади, од ранување на полицајци, до напад на седиштето на полицијата во Лил и грабежи на банки.

Водачот на оваа група на џихадисти, Кристоф Каз, кој како студент во петта година медицина, премина во ислам и и се приклучи на бригадата муџахедини во Босна и стана нивен лекае, според сведоштвата на преживеани српски, но и загрозени бошњачки офицери, бил крајно насилен, присуствувал на мачење и отсекување на глави на заробени српски војници и цивили.

jihad-520x323

Во документарната емисија на француската телевизија се прикажани и оргинални сцени кога муџахедините убиваат заробеници, нивните отсечени глави, а даден е и изворна видео-снимка која е направена од самите муџахедини, а на која тие и одредени војници на Армијата на БиХ играат фудбал шутирајќи отсечена глава на еден заробеник.

Германскиот експерт за тероризам, Јирген Елсесет, автор на книгата „Како џихадот дошол во Европа“, во емисијата оцени дека повеќе од илјада муџахедини, Арапи ветерани од Авганистан, со помош на Саудиска Арабија, Турција и Иран војувале во БиХ, а американската ЦИА го обезбедила тоа доаѓање и им дала оружје со цел да се спречи победа на Србите, бидејќи милеле дека Србија ќе се сврти кон Русија.

Елсесер го наведува и сведочењето на новинарката од германскиот неделник „Шпигел“, Рената Флотау дека водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен за време на состанокот со претседателот Алија Изетбеговиќ во Сараево, рекол дека ќе ги уништи „сите Срби, а потоа и Американците“.

F1FD938F-EA46-4294-8671-3578A369B9D0_mw1024_s_n

На крајот на војната во Босна, Американците се ужаснале кога откриле какво чудовиште создале и дека Ричард Кларк, советник на америкнаскиот претседател за битки против тероризмот изјави дека „тоа било пакт со ѓаволот“.

Некои групи на џихадисти на северот од Франција се уапсени и осудени на долги затворски казни, а некои во немирите против полицијата се убиени, меѓу кои и самиот шеф на бандата, Каз, кого за време на бегство го убила белгијаската полиција на самата француска граница.

Високи разузнавачи во европските медиуми изјавиле дека сега, покрај Исламската држава, и понатаму постои опасност од Ал Каеда, бидејќи се знае дека нејзиниот воен огранок во Сирија, групата Корасан, е високо специјализирана минијатурни експлозиви и дека не ја кријат решеноста да удрат по Западот.