Џихадисти се преправаат во жени за да се спасат од руските напади

Терористи од групацијата Исламска држава ги бричат брадите и се облекуваат како жени со цел да се спасат од нападите на руските сили, кои се поддршка за сирискиот претседател Башар Ал Асад, тврди лондонскиот весник „Дејли Мејл“, пренесува МИА.

Весникот објавува и фотографии, за кои се верува дека се направени во близина на Алепо, на кои се гледаае куп избричени „бради“ што ги оставиле џихадистите од Исламска држава при нивното панично бегање пред руските напади.

– Тие паднале уште подолу. За да се спасат од нападите се облекуваат и како жени и на тој начин се обидуваат да ја минат границата со Турција, наведува весникот.