Паравоените сили кои ги поддржуваат САД објавија во неделата дека го освоиле најголемото нафтено поле во Сирија во офанзивата против ултрарадикалната сунитска групација Исламската држава во истокот на оваа земја.
Сириските демократски сили (SDF) соопштија дека во раните утрински часови ја преземале контролата над нафтеното поле ал-Омар на источниот брег од реката Еуфрат.мври.
Ова поле наоѓа околу десетина километри северно од градот ал-Мајадин кој сириските владини сили го заземаа претходно во октомври. Градот стана силна база на Исламската држава откако претходно бунтовничките сириски сили поддржани логистички и на теренот од САД ги потиснаа и во договор со џихадистите им дозволија безбедно да се префрлат во Мајадин од градот Рака.
Русија коалицијата предводена од САД ја обвини дека градот Рака „го избриша од картата на Земјата“, како што САД и Велика Британија со бомбардирањата во 1945 година целосно го уништија источниот германски град Дрезден.
Руското министерство за одбрана, коешто често мораше со докази да ги побива тврдењата на Западот и од него поддржуваните сириски сунитски бунтовници поради наводни бомбардирања на сириски цивили, смета дека Западот сега брза да собере финансиски средства за брзо обновување на Рака, поранешниот бастион на Исламската држава во Сирија, за да ги прикрие своите воени злосторства.
Генерал-мајорот Игор Конашенков, портпарол на руското министерство за одбрана, соопшти дека пред судирите во Сирија во Рака живееле околу 200.000 луѓе, но дека досега останале само 45.000 жители.