Најмалку две лица се убиени а шест се ранети во повеќе самоубиствени бомбашки напади коишто ги извршиле припадници на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава врз база во северен Ирак, каде што се сместени американските воени советници, соопштија безбедносни изводи во неделата.
Двајца милитанти загинале кога во текот на изминатата ноќ ги детонирале своите елеци со експлозиви на влезот во базата К1, а тројца биле убиени од курдските сили пешмерга, коишто ја контролираат областа на градот Киркук каде што се наоѓа споменатата вона база.
„Беа во униформи како што носат кордските пешмерга и ги избричиле брадите за да изгледаат како нас“, рекол за Reuters еден офицер.
Исламската држава преку интернет ја презема одговорноста за нападот, но тврди дека убил и ранил десетици „крстоносци и неверници“, што се однесува на западните воени советници и на курдските борци.
Ирачките сили, коишто ја имаат поддршката под водство на САД, настојуваат во моментов да ја истиснат Исламската држава од вториот по големина град во земјата Мосул, кој е 140 километри северозападно од Киркук. Меѓутоа, големи области уште се под контрола на џихадистите, вклучително и Хавија во близина на нападнатата база.