Џихадистите со видео закана за Ердоган

Ултрарадикалната сунитска терористичка организација Исламска држава му се закани на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во видео снимка објавена во средата вечерта којашто ја испратила наводно џихадистичката група во Турција.

„Еј, Ердогане, арогантен тиранин на Турција, немој да мислиш дека мечевите на војниците на калифатот се далеку од тебе“, рекол припадник на Исламската држава на турски јазил придружуван од двајца мажи со автоматски пушки.

Со прекриени лица милитантите му се заколнуваат на верност на лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади во видеото на коешто се прикажани знамето на џихадистите и ракетен фрлач во заднината.

„Знај дека стоењето редум со крстоносците нема да ти помогне против војниците на калифатот“, му порачуваат милитантите на Ердоган.

Видеото е објавено помалку од три месеца откако ал-Багдади се појави во видео држејќи во рацете мапа со натпис „Вилает Турција“ (односнно покраина Турија, на арапски). Мапата во тоа време означуваше дека се очекува оти Исламската држава ќе изведе напади и ќе ги прошири своите операции во Турција.

Последниот голем напад на Исламската држава во Турција се случи на Нова година 2017 година во ноќен клуб во Истанбул, кога беа убиени 39 луѓе. Во последната рација против џихадистите, пак, во јуни годинава турската полиција уапси 20 милитанти кои според обвинувањето планирале скорешни терористички напоади.

Исламската држава „ќе продолжи да се бори сѐ додека верата на Алах не завладее со светот“, заклучува мажот во видеот во кое ги минимизира американските операции против оваа екстремистичка мрежа во Сирија и во Ирак.