Џина Хаспел прва жена директор на ЦИА

Џина Хаспел ќе стане првата жена-директорка на ЦИА, откако Сенатот на САД денеска го потврди нејзиниот избор. На тој начин заврши жестоката борба за нејзината номинација, која се водеше поради нејзините врски со симулацијата на давење и други техники на брутално испитување, кои ЦИА во минатото го користеше.

Хаспел е 33-годишен ветеран на агенцијата, а во моментов е вршител на должност директор на ЦИА.

Ројтерс вели дека 51 сенатори гласале за изборот на Хаспел во телото, за што е потребно просто мнозинство за да ја потврди нејзината номинација, додека 43 се против.