Џоковиќ не го дава врвот на АТП листата

Благодарение на освоената титула на Мастерсот во Париз, каде во финалето го совлада Канаѓанецот Милош Раониќ, Новак Џоковиќ успеа да ја зголеми предноста на АТП листата пред второпласираниот Роже Федерер.

Џоковиќ во моментов има 10.010 бодови, односно 1.310 бодови повеќе од Швајцарецот Федерер, кој падна на 8.700. Зад водечките двајца се наоѓа Рафаел Надал со 6.835 бодови, но Шпанецот најави дека за него оваа сезона е завршена.

Од четвртото до десеттото место на АТП листата следуваат Станислас Вавринка, Кеи Нишикори, Енди Мареј, Томаш Бердих, Милош Раониќ, Марин Чилиќ и Давид Ферер.