Американскиот актер Џони Деп се извинил во петокот поради шегата за убиството на американскиот претседател Доналд Трамп.
Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ во четвртокот, при посетата на британскиот музички фестивал во Галстонбери, изјави дека минало многу време откако некој актер убил американски претседател.
Неговата изјава предизвика жестоки осуди и големи критики, во прв ред од приврзаниците на Доналд Трамп, па Деп во петокот рече дека не сакал да биде злонамерен.
„Се извинувам поради лошата фора којашто синоќа на непримерен начин ја кажав за претседателот Трамп“, порача 54-годишниот актер за магазинот People.
„Не излезе како што имав намера, но не мислев ништо лошо. Само сакава да се забавувам, а не да повредувам луѓе“, додава актерот.
Деп на фестивалот зборуваше по повод проекцијата на неговиот филм „Либертинец – отров за жени“ од 2004 година, а кога дебатата мина на темата на Трамп, Деп наглaси дека на американскиот претседател „му е потребна помош“.
„Можеме ли да го доведеме Трамп тука?“, ја запраша публиката предизвикувајќи смеа.
„Тоа се само прашање. Не инсинуирам ништо… кога последен пат некој актер убил претседател?“, запраша Деп алудирајќи на актерот Џон Вилкес Бут кој во 1865 година во театар го убил претседателот Абрахам Линколн.