Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон исткан дека целта на разговорите за излегуваето на Обединетото Кралство од Европската унија кои започнаа во понеделникот треба да биде подготовка за „длабокот и специјално партнерство“ коешто Лондон го посакува со Брисел.
„Сметам дека најважната работа за нас е да се гледа кон хоризонтот… да се размислува за иднината, за новото партнерство, длабокиот и специјален однос кој сакаме да го изградиме со своите пријатели“, порача шефот на британската дипломатија Борис Џонсон непосредно пред средбата на минисерите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.
„Целиот процес ќе доведе до среќно решение. Мислам дека тоа може да се стори во полза и чест на двете страни“, додаде Џонсон.
Британскиот министер за излегувањето од ЕУ, Дејвид Дејвис, во понеделникот ги започнува реговорите во Брисел со коишто ќе се одредуваат условите за излагувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, и ќе се одреди меѓусебниот однос во иднина.
Дејвис со главниот европски преговарач Мишел Барние се среќава во седиштето на Европската комисија во зградата Берлејмон во 11 часот по локално време, а по разговорите коиштео ќе траат седум часа, ќе одржат задничка прес конференција.