Камен – темелник за отпочнување на изградба на новата фабрика на Џонсон Контролс ќе биде поставен денеска во технолошко-индустриската зона Струмица.
Инвестицијата, според најавите од менаџментот, ќе изнесува 20 милиони долари и се очекува да бидат вработени околу 1.500 лица.
Со тоа вкупниот број на вработени во компанијата во Македонија ќе изнесува над 3.000.
На поставувањето на камен-темелникот ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, потпретседателот на ТРИМ единицата на Џонсон Контролс за Европа, Владимир Теплик и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо.