Џонсон за брегзитот подготвува кампања од 100 милиони фунти, најголема од војната

Британскиот премиер Борис Џонсон ја покренува најголемата владина пропагандна кампања по Втората светска војна, во обидот да ја обедини јавноста околу својот план за брегзит, пишува во понеделникот весникот The Daily Telegraph наведувајќи дека станува збор за кампања којашто чини 100 милиони фунти.

Конзервативната влада на Борис Џонсон во следните три месеца ќе потроши 100 милиони фунти на огласување, како главен дел од својата кампања, наведува The Daily Telegraph повикувајќи се на неименуван владин извор. Според истиот извор кампањата ќе биде „најголема пропагандна кампања по Втората светска војна за да се подготви Велига Британија за брегзитот без договор, со маркетинг без преседан, кој опфаќа паноа, радио и телевизија“.

Шкотската премирка Никола Старџен, која со Борис Џонсон треба да се сретне подоцна во понеделникот, во твит напиша дека пријавеното финансирање на кампањата претставува „срамно фрлање на парите“.

Џонсон вети дека Велика Британија од Европската унија до продолжениот рок 31-ви октомври, со договор или без него.

Неговата влада „дејствува заснована на претпоставката“, дека Обединетото Кралство ќе ја напушти Унијата без договор, напиша министерот Мајк Гоув во написот The Sunday Times. Гоув, кој е во водството на подготовките на ткн „но-дил“ излегување од ЕУ, рече дека „целата владина машинерија ќе работи со полна пареа „за да се подготви за брегзит без договор“.

Весникот The Telegraph наведува дека Џонсон им наредил на своите министри во неделата да „работата со полна брзина бна подготовките за ‘но-дил’ излегувањето од ЕУ, за да се постигне напредок“.

Министерот за финансии Саџид Џавид напиша во Тhe Sunday Telegraph дека владата ќе ја финансира „една од најголемите британски јавни кампањи“ за поединците и компаниите да ги подготви за брегзитот без постигнат договор.