Американскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга, Британката Амал Аламудин-Клуни, сакаат да посвојат дете, пренесуваат таблоидите.
– Клуни и неговата сопруга, кој се во брак од 27 септеври оваа година, сакаат да посвојат дете од некоја од држави погодени од војна. Тие со тоа сакаат да го привлечат внимание на јавноста на страдањата на сираците од земји зафатени од војна, како што е Сирија, пишува весникот „Воманс Деј Магазин“.
Таблоидот додава дека веројатно тие сакаат да посвојат дете по примерот и холивудската двојка Бред Пит и Анџелина Џоли, кои имаат посвоено три деца.
Клуни, кој има 53 години, и неговата 37-годишна сопруга немаат деца од предходните врски. Тие се венчаа на крајот на септември во Венеција, каде на церемонијата присуствуваа бројни поканети гости од Холивуд, а сето тоа беше пропратено од медиумите и многу туристи од целиот свет.