Американскиот актер и оскаровец Џорџ Клуни наводно се верил со 36-годишната британска адвокатка Амал Аламудин.
Друг неименуван извор за „Пипл“ изјави дека двојката минатиот четврток биле во ресторан во Лос Анџелес заедно со манекенката Синди Крафорд и нејзинио сопруг, кои се долгогодишни пријатели на Клуни. Наводно, тогаш е забележан „огромниот прстен“ на Аламудин.
Портпаролот на 52-годишниот актер изјави дека нема да го коментира приватниот живот на Клуни.
Клуни и Аламудин се во врска од октомври минатата година, кога првпат се видени заедно во Лондон.