Славниот пејач Џорџ Мајкл (51) во последните две години често престојувал во болниците за рехабилитација од зависности.
Тој ги одложувал и ги поместувал концертите поради воспаление на градите, и неколку пати му се слошило додека престојувал во својата куќа, пренесуваат медиумите.
Интересен е и случајот кога пејачот испаднал од автомобил кој се движел, наводно во обид подобро да ја затвори вратата. Иако имало шпекулации дека пејачот бил под дејство на дрога и дека намерно излегол од автомобилот.
Како што јавуваат медиумите , Џорџ се наоѓа во Швајцарија во центар за одвикнување од алкохол и дроги, во кој се пријавил сам и тоа во тајност. Медиумите пишуваат дека пејачот пушел и по 25 џоинти на ден. Во истата клиника за одвикнување во Швајцарија се лекувал и познатиот моден дизјанер Џон Галијано.