Џошуа откри кој сака да му биде нареден противник

Големата желба на Ентони Џошуа е негов следен ривал да биде Дионтеј Вајлдер. Но, стар ривал може сензационално да се појави на хоризонтот. Владимир Кличко има за цел сензационално враќање на рингот.

За слични планови се шпекулира во последните недели, но сега тие беа целосно потврдени од промотор на Џошуа – Еди Херн кој откри за порака на Кличко до актуелниот шампион.

– Тој (Кличко) сака да се врати. Мислам дека му пишал порака на Еј Џеј и рекол: „Сакам да се вратам, чуствувам дека во моментов можам да победам секого“.

Токму со Џошуа беше последниот натпревар во кариерата на Кличко. Украинецот имаше можност да се одмазди, но потоа одлучија да ја заврши својата кариера.

Претходно оваа година, Кличко рече дека продолжил да работи секој ден и бил во форма.