ДЗС: Просечната плата во мај изнесува 510 евра

Според најновите објавени податоци на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, изнесува 109.4. Или, просечната нето плата во мај годинава е за 9,4 отсто поголема од истата во мај минатата година и таа 31.407 денари или 510 евра.

Ваквото зголемување, според статистиката, во однос на претходниот месец се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19.7 %), Уметност, забава и рекреација (16.1 %) и Преработувачка индустрија (14.3 %).

Намалување на просечната нето-плата, во однос на претходниот месец, април, е забележано во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (10.8 %), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.1 %) и Административни и помошни услужни дејности (1.4 %).