ДЗС: Работодавците, во просек, годишно плаќаат по 306 денари за еден одработен час

Според денешните податоците на Државниот завод за статистика, ДЗС, годишниот просек на издатоци на работодавецот по вработен во Република Македонија во 2020 година изнесувал 545.015 денари.

Најголем годишен просек на издатоци на работодавецот по вработен  има во секторот Информации и комуникации и изнесува 958.664 денари или 16 илјади евра.

Во 2020 година, годишниот просек на издатоци на работодавецот по фактички одработен час изнесува 306 денари. Вкупниот годишен просек на фактички одработени часови по вработен изнесува 1.780 часови.

За обработката на податоците од истражувањето Анкета за цената на трудот во 2020 година се користени административни податоци од Управата за јавни приходи и од Агенцијата за вработување, посочуваат од ДЗС.