
Како што се наведува, тоа го покажуваат конечните пресметки за Лаекен индикаторите за сиромаштија за 2015 година добиени годинава од Анкетата за приходи и услови за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.
Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2015 година е 22,9%. Според најфреквентниот статус на економска
активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8,9%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,3%.
Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 33,7%, што претставува намалување во однос на 2014 година кога овој коефициент изнесувал 35,2 отсто, и во однос на 2013-та кога бил 37 проценти.