Според бројот на податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи во мај е зголемен за 7,4 проценти во споредба со тој месец минатата година, а бројот на ноќевањата е намален за 0,1 процент.
Податоците покажуваат дека во мај во Македонија се регистрирани 82.084 туристи, а бројот на ноќевањата изнесува 170.943.
Зголемување за 12,6 проценти има кај странските туристи, како и кај бројот на нивните ноќевања кои се зголемени за 5,8 отсто. Бројот на домашните туристи е намален за 2,8 проценти, а намалување за 9,2 проценти има и кај бројот на ноќевањата.
Зголемување на бројот на туристи и на ноќевања има и во периодот јануари – мај во однос на истиот период лани. За 17 проценти е зголемен бројот на странските туристи, а за 6 отсто намален бројот на домашните туристи. Кај ноќевањата за 10,6 проценти се зголемени ноќевањата на странските туристи, а за 9,9 проценти намалени кај домашните туристи.