Ќе ја направиме администрацијата поефикасна преку кратење на институции, но и функции, изјави Николоски

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

-Со измените во Законот за организација и работа на органите на управата скративме доста институции. Идејата ни е да правиме и второ кратење на директорски места, рече Александар Николоски, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе биде иден вицепремиер и министер за транспорт, во вечерашното гостување во емисијата Топ тема, на телевизија Телма.

„Точно е дека го скративме бројот на институции во државава за околу 20 проценти од условно кажано, функционерските позиции“, вели Николоски.

Тој укажа дека кратење ќе има во делот на таканаречени економски директори.
„Значи во болниците нема да има по два директора затоа што сметаме дека тоа е една од причините за колапс на системот. Затоа ќе има само еден директор за цел клинички, ФЗО ќе има еден директор наместо двајца, болниците низ државата исто ќе имаат еден директор“, кажа Николоски.

Информираше дека со формирањето на нови министерства се кратат и неколку агенции.
„Агенција за енергетика се укинува, ќе се укине и Фондот за иновации таму ќе има сериозна истрага и бројни други институции“, изјави тој.

Сумирајќи ги реформите кои водат кон поефикасна работа Николоски укажа дека со тоа идејата е да се намали и бројот на вработени и да има ефикасна администрација.