Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот дека ќе биде „тешко“ да се постигне прекин на огнот меѓу Израел и палестинското радикално движење Хамас во Појасот Газа пред Рамазан на почетокот на следната седмица.
„Ќе биде тешко“, им рече Бајден на новинарите, кои го прашаа дали е веројатно да се постигне договор пред месецот на муслиманскиот пост.
Тој, исто така, додаде дека е „многу“ загрижен за насилството што може да избие во Источен Ерусалим, палестинска територија според меѓународната заедница од 1967 година анектирана и окупирана од Израел заедно со Западниот брег (на реката Јордан), во текот на светиот муслимански месец Рамазан.
Хамас во петокот објави дека нема да направи „никаков компромис“ за своите барања за траен прекин на огнот во Појасот Газа и повлекување на израелските трупи во замена за каков и да е договор за ослободување на заложниците.