Додека угледниот професор по право којшто СДСМ го понижи и го направи партиски бот, јавно призна дека земал државни пари за пишување партиски тестови, јавноста остана без одговори од страна на надлежните во Министерството за одбрана и Владата, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако универзитетскиот професор Темелко Ристески за Призма ја потврди автентичноста на извештајот што деновиве се појави на социјалните мрежи, а во кој тој до државниот секретар на Министерството за одбрана реферира што сработил во јули 2020 година.
„Останува неодговорено колку такви договорци на дело – професионални партиски ботови СДСМ и ДУИ имаат распоредено по институциите. Чувствува ли Славјанка Петровска одговорност? До кога ќе молчи Димитар Ковачевски за овој скандал што е слика на македонската беда и јад што владее во институциите под јаремот на СДСМ и ДУИ? Ќе ги врати ли парите угледниот професор – бот“, бараат одговори од опозицијата.