Комитетот за системски операции на Европската мрежа на електропреносни систем оператори (ЕНТСО-Е) најави детална истрага за серија инциденти кои предизвикаа прекини на електроснабдувањето во Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и делумно во Хрватска.
Дефектот на електричните мрежи се случи во петокот околу 12:25 часот, а по неколку часа струја добија сите делови од четирите земји во регионот.
Во соопштението на ЕНТСО-Е се вели дека погодените системи го вратиле напојувањето на нивните мрежи во рок од околу два часа.
Од ЕНТСО-Е наведуваат дека во согласност со скалата за класификација на инциденти, ќе извршат детална истрага за настанот во наредните недели, со поддршка на експертска комисија.