Двете дечиња, братче и сестриче, на 4 и 7 годишна возраст, кои беа завчера вечер оставени во кола на паркинг во Ново лисиче, привремено им се одземени на родителите и тие се сместени во згрижувачко семејство.
Сега се на потег центрите за социјални работи и другите надлежни институции, кои врз основа на сите информации во врска со немилата случката, треба да ја донесат одлуката дали и каква одговорност ќе понесат родителите кои си ги оставија со часови децата заклучени во возило и дали тие ќе им бидат трајно или привремено одземени.