Ќе издаваме и до 75.000 пасоши месечно, вели Тошковски

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски очекува во иднина дневното производство на пасоши да се зголеми на 3.300, јавува Телеграф Македонија.

Тошковски проценува дека вкупниот број на лични документи што треба да се заменат е некаде околу два милиони и посочува дека очекува да достигне бројка од околу 75.000 месечно, што е максимален капацитет.

„Бројката што континуирано ја имале како бројка за производство во Министерството е околу 50.000 пасоши месечно. Бројката што сакаме да ја достигнеме, реална бројка, е некаде околу 75.000 пасоши месечно“, вели Тошковски.

Прераспоредувањето на термините, објаснува Тошковски, ќе се врши на тој начин што списоците се прочистуваат на секои 20 дена. Тоа значи дека ако некој претходно имал закажано на 15 декември, сега ќе закаже на крајот на април.