Џеј Ло ја откри тајната за нејзиниот младешки изглед

Латино дивата е дефинитивно некој кој успева да нѐ убеди дека годините се само бројка. На младешкиот изглед на Џенифер Лопез би ѝ позавиделе и помладите колешки.

Малкумина би поверувале на фактот дека популарната пејачка и актерка Џенифер Лопез има 52 години. Сигурно ви се случило кога ќе видите некоја позната личност да помислите како е можно да изгледа толку добро.

Одговорот на тоа прашање е многу труд, работа и пожртвуваност.

На младешкиот изглед на Џенифер Лопез би ѝ позавиделе половина од помладите колешки, а латино дивата открива дека покрај диетата и редовното вежбање се откажала и од работите што ги сака.

На голема радост на многу жени ширум светот, пејачката и актерка, која многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот, откри од кои три работи се откажала, а кои и помогнале да изгледа помладо и поубаво.

Кофеин

Многу луѓе не можат да замислат ден без шолја кафе, но Џенифер не е меѓу нив. Иако порано сакаше да пие кафе и да ужива во неговиот вкус, Џенифер се откажа од ова задоволство заради убавината.

„Не пушам, ниту пијам кафе. Целосно ја уништува кожата. Јадам многу зеленчук, брокула и кељ“, вели Џенифер.

Недостаток на сон

Познато е дека сонот е многу важен за изгледот и здравјето на кожата. Свесна за тоа, Џенифер спие најмалку 7 часа, а се води од слоганот „добриот сон е половина здравје“.

Алкохол

Со консумирање алкохол, кожата дехидрира и престанува да произведува колаген до степенот кој е неопходен за убав изглед.

Ако сакате здрава кожа, затегнато тело и убав изглед во педесеттите години, можеби ќе треба да се откажете од алкохолот, исто како Џеј Ло.

Резултатите најверојатно ќе ви покажат дека ова не е толку лоша одлука.