Е мој друже „Баневотрлски“

Деновиве топ-тема е состојбата со патните исправи во Република Македонија, тема за која луѓето од „Социјалдемократскиот сојуз на нивната земја“ незграпно сакаат да ја префрлат вината на актуелниот министер Тошковски, иако истиот со сопствениот ангажман и ангажманот на неговите соработници деноноќно работи да ја ублажи состојбата. Меѓу другите, и јас сум еден од засегнатите, иако извадив нови патни исправи (пасош, лична карта и возачка дозвола) во 2021 година и истите имаат сè уште рок на важност, само возачката дозвола ми е валидна, а останатите документи не ми вредат. Затоа сум принуден да вадам нови, а бидејќи ми е оневозможено истото да го направам, иако и на моја сметка, но не по моја вина, ми се загрозува едно од основните човекови права, правото на слободно движење.

И види беља, за тоа директен виновник е мојот бивши сограѓанин и познаник Оливер Спасовски, познат во Куманово како „Оливер Баневотрлски“.

При тоа, не сакам да ме сфатат погрешно читателите и јавноста, не ми е целта да го омаловажувам мојот познаник. Македонија е аграрна земја, па ако загребеме малку подлабоко во потеклото на нашите семејства неколку генерации наназад, сите имаме селско потекло. Туку, ние сме Кумановци и секој има свој прекар по кој е познат во кумановската чаршија, како пример ќе ги наведам претходните двајца градоначалници, едниот познат како Циц, а таткото на довчерашниот премиер и актуелниот им претседател на партијата Ковачевски е познат како Таче. Иако и бившиот премиер претендира на тој прекар на татко му, тој има друг прекар, исто така  е еден од виновниците ама не го спомнувам бидејќи не е тема на денешната колумна. Кумановци знаат каков прекар има.

Оливер го познавам уште од 1998 година, кога како партиски активист беше вклучен во една од кампањите на СДС во парламентарните избори 1998 во ИЕ 19 каде што јас му бев шеф на изборниот штаб, во тоа време на Кандидадот на ВМРО-ДПМНЕ Чедомир Краљевски.

Тогаш се соочивме со сè и сешто, само не со фер кампања (рекетари, тепачи, користење на државни ресурси и инфраструктура). Неговиот кандидат беше директор на ФЗЦ „11 Октомври“, најмоќното претпријатие во Куманово, а мој приватен адвокат. Сепак убедливо ги победивме. Уште тогаш „Јуношата“ Оливер се „наметнуваше“ со својата деструктивна креативност.

Ја почувствува волјата на народот, но набрзо после тоа како млад активист се консолидира и со таткото на доскорешниот премиер. Победија на локалните избори, благодарејќи на анти-нато и антиамериканската кампања, која врвеше во тоа време во Куманово и се здоби со функцијата секретар на Општината заради „заслуги“. Заслугите му беа, помеѓу другото, и палење на американската амбасада и анти-нато кампањата, заедно со сегашниот Ген-Сек Зечевиќ и актуелните младински активисти Димитар Ковачевски, Максим Димитриевски и слични како нив.

Откако виде дека таа приказна не поминува, преку ноќ се трансформираше, исто како неговиот шеф Таче во љубител на Американската Демократија, без око да му трепне, онака сериозен со скаменето лице првпат му „пројде фората“. Младичот заплива во „Минхаузенските води“ и заклучи дека политиката е лесна работа, па ако може да ги излаже Американците, може да излаже секого.

Од тогаш, драги мои, истиот Оливер се вивна во политичкото небо, додека СДС во континуитет губеше, тој со лаги и интриги, полека ама сигурно напредуваше во хиерахиската скала на СДС. Во меѓувреме го грицкаше час буџетот на парламентот како пратеник, час буџетот на општината како секретар. Ете тоа е неговата „импресивна кариера“, која ја истакнуваше тој и неговите сателити пред да биде министер во МВР.

Откако се скараа со неговиот „Пајташ“ Максо, кој патем го бранеше во конфликт во Собранието, (кој исто така не е цвеќе за мирисање), почнаа да си ги вадат „валканите алишта“ низ Кумановската чаршија од типот кој колку украл, кој каква викендица направил, кој какви бизниси води и слични тривијалности. Но, Баронот не би бил Барон, ако така „сериозен“ не ги убеди партиските ботови да зборуваат дека за него е тоа нормално. Бидејќи располага со „Ресурси“ небаре копа злато од рудник.

Еве кои биле неговите ресурси, да раководи со парите од народот кој ги дава за патни исправи. Само за илустрација, сега протекоа информации во јавноста. За услуги од оператор на повикувачки центар, дава тендер на фирма која наплаќа 580 илјади евра годишно, а 2016 година се наплаќало за исти такви услуги 28 илјади евра. За време на министерувањето на посочениот, операторот добил тендери во вредност од неверојатни 4,6 милиони евра.

Да резимираме, во „криминалното“ владеење на ВМРО 28.0000 – во „пречесното“ владеење на СДС 580.000 евра. Згора на тоа, работата не е завршена и ги остави граѓаните во заложништво.

Како во оној виц кога се укакало бебето пред гости. Мајка му видно возбудена почнала да им се извинува. Еден од гостите ја тешел да не се грижи бидејќи детето сигурно ќе биде политичар, ем кака ем те гледа во очи.

Е па Друже мој Баневотрлски, ова нема да ти помине во македонската јавност и за твоето „какање ќе добиеш по газенцето“.

Автор: д-р Миле Јакимовски