Џејмс Харден го одложи настапот на „Ол-старот“

Новиот играч на Филаделфија 76ерс, Џејмс Харден, нема да биде дел од „ол-стар“ спектаклот кој ќе се одржи во Кливленд.

Причина за такво нешто е повреда на тетивата на левото колено. Од новиот тим на Харден соопштија дека кошаркарот мора да мирува најмалку една седмица за да биде комплетно подготвен за настап.

Повредата практично значи дека покрај што ќе го пропушти „ол-старот“, Харден ќе почека и за дебито во дресот на Филаделфија. Шутерот ќе заигра во новата средина пред крајот на месец февруари.